81 годишен скопјанец жив е изваден од водите на Вардар

Вчера во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродорм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил. Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од  неговата снаа М.А.(45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот