800 евра казна за осуммина велешани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полициски час, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на република Северна Македонија, се движеле на различни локации во градот. Притоа, се наведува, биле затекнати од полициски службеници.

Надлежното обвинителство на судот му предложило за сите обвинети да изрече парични казни од 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.​ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот