8 трикови за визуелно истенчување на фигурата

Фотографија: Instagram

Облеката може многу да си „поигра“ со вашата фигура и визуелно да ја прошири или пак да ја истенчи.

Овие осум трикови на модните стилисти ќе ви овозможат веднаш да изгледате повити. Некои од нив можеби веќе ги знаете, некои можеби сте ги слушнале и заборавиле, но секако е добро да се присетите на нив и можеби да научите и некои нови:

1. V – пресек

V – пресекот околу вратот, визуелно ќе ве издолжи, а што повеќе кожа откривате, толку повити ќе изгледате. Овој избор е посебно добар за жени со поизразени колкови, бидејќи ќе ја направи фигурата наизглед поскладна.

2. Шпицест врв

Високите потпетици се наједноставниот и најсигурниот начин веднаш да изгледате повити, а кога се во комбинација со шпицест врв, тогаш за вашата фигура прават чуда.

3. Долго ланче

И накитот може да направи да изгледате повити, а таквиот ефект секогаш го имаат долгите ланчиња.

4. Црни фармерки

Освен тоа што не излегуваат од мода, едноставните црни фармерки со тесни ногавици, визуелно ќе ве издолжат и ќе ги истенчат вашите нозе.

5. Долго сако

Сакоата се во мода секоја е есен, а оваа година најпопуларен модел се подолгите модели кои ги прекриваат колковите и визуелно ја истенчуваат фигурата.

6. Каиш на струкот

Уште еден тренд кој иде во прилог на вашата фигура е каишот на струк, кој го нагласува најдолгиот дел на телото.

7. Монохроматски

Без разлика дали носите од глава до пети црна или која било друга боја, во монохроматското издание секогаш ќе изгледате повитки.

8. Чевли со боја на кожа

Сандали, салонки, високи потпетици, па дури и некои модели на чизми до глужд во боја на кожа, визуелно ќе ги издолжат вашите нозе, а притоа и многу лесно се вклопуваат во баш секаква комбинација.

Кој е вашиот омилен моден трик?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот