Осум луѓе се водат за исчезнати откако се урнаа згради во Марсеј

Фото: МИА

Осум луѓе се водат како исчезнати откако се урнаа згради во Марсеј по силна експолозија. Јавната обвинителка на градот Марсеј Доминик Лоренс која доцна попладнето одржа прес-конференција изјави дека осум лица од урнатата зграда не одговараат на телефонските повици.

Таа дополни дека се уште не е позната причината за експлозијата.

„Истрагата и напорите за спасување се отежнати поради пожарот на местото на несреќата, кој сè уште не е под контрола“, истакна Лоренс

Најмалку пет лица беа повредени при уривање на зградите во Марсеј.

Како што пренесуваат новинските куќи засега се верува дека причина за несреќата е истекување на гас кој придонел да дојде до експлозија.

ВИДЕО | Експлозија во Франција: Се урна зграда, пет лица се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот