770 нови случаи на ковид-19, почина 23-годишен пациент од Свети Николе

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 2043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на ковид-19 во Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од Скопје – 182, Охрид – 23, Битола – 21, Куманово – 20, Прилеп и Велес – по 14, Кавадарци – 13, Струмица и Штип – по 12, Тетово – 8, Гостивар – 7, Кичево – 5, Неготино, Кочани и Делчево – по 4, Струга, Крива Паланка и Радовиш – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 2, Ресен, Гевгелија, Кратово, Дебар и Валандово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 2 починати лица – од Свети Николе (23 г) и Скопје (76 г). Лицата се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани две починати лица од Радовиш (73 г) и Крива Паланка (66 г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.6.2022 до 28.6.2022 година.

Направени се 2043 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–155, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-66, Биотек-130, Систина-48, лабораторија Лаор-12, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност-25, Генеа-14, Никоб Лаб-78, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 879.

Досега во земјата се направени вкупно 2 100 604 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319 806, бројот на оздравени пациенти е 307 342, на починати е 9343, а бројот на активни случаи изнесува 3121.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот