77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Битолски полицајци вчера во Могила го уапсиле 77-годишниот жител на селото С.Е., кој претходно со пиштол им се заканувал на повеќе соселани, информираат од полицијата.

– На 11.4.2021 во с.Могила, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С.Е.(77) од Могила, затоа што со пиштол се заканувал на неколку лица од селото, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 133 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот