75 отсто од важните одлуки за семејството ги носат жените

pixabay

Интересно ново истражување потврдува колку е важна позицијата на жената во семејството. Истражувачите велат дека три четвртини од сите важни одлуки во семејството ги носат жените. 

Жените редовно одлучуваат што ќе се јаде дома, дали и кога парот ќе има деца, кога ќе се оди на одмор и како се трошат парите. Од друга страна, мажот најчесто носи одлуки за тоа каков автомобил ќе има семејството и што ќе се гледа на телевизија, велат податоците од истражувањето.

Според истражувањето, жените секојдневно носат поголеми одлуки од мажите. Претставниците на понежниот пол се бават со тоа како нивниот партнер ќе го користи слободното време и кога ќе оди на спиење, а одлучуваат и колкава ќе биде температурата во домот.

За да дојдат до овие податоци, истражувачите анкетирале 3.000 двојки.

– Изгледа дека мажите веќе не се глава на семејството и за тоа и самите се свесни, изјавил Лари Фајт, претставник на компанијата која го финансирала истражувањето и додал дека и самите се изненадени од искреноста на мажите кои признале дека токму нивната партнерка носи поголем дел од одлуките.

Шест од дест мажи признале дека нивната партнерка има целосна контрола за тоа кога и колку често парот ќе има сексуален однос.

Жените не само што се задолжени за сите работи во домаќинството, туку тие носат одлуки речиси за сè што е поврзано со нивните деца, од тоа како ќе се викаат, па до тоа каква облека ќе носат.

Истражувањето открило и дека жените користат различни трикови за да ги убедат своите партнери да биде по нивно. Најчести користени „техники“ се флерувањето и облекувањето секси облека.

Мажите пак, од друга страна, кога сакаат својата партнерка да ја убедат и да ја натераат да биде по нивно, најчесто купуваат чоколадо или други слатки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот