75 ГОДИНИ ПОДОЦНА вратен паричник кај сопственичката

паричник
Принтскрин/Фејсбук

Ако изгубите или ви украдат паричник, надежта дека ќе ви биде вратен бледнее со текот на времето.

Но, една 89-годишна жена од Илиноис била изненадена кога по 75 години откако паричникот ѝ бил украден, го добила назад.

Паричникот бил пронајден при реконструкција на средно училиште во Илиноис и негова пренамена во црква. Пронајден бил позади плочки во женскиот тоалет, со уште неколку други предмети, кои најверојатно ги украла истата личност.

Откако ги објавил на Фејсбук, а оттаму ги презеле повеќе медиуми, се јавил човек кој ја препознал Бети Сисом. Значењето на овој гест за нејзе е сентиментално, бидејќи во паричникот имала фотографии од соученици, но и од брат ѝ кој загинал во Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот