75 години од смртта на Хитлер: Го отрул кучето, се оженил со Ева Браун, а еден ден подоцна се самоубил (ФОТО)

На денешен ден, пред точно 75 години, нацистичкиот лидер и една од најомразените личности во историјата, Адолф Хитлер, се самоубил во бункер само два дена откако неговиот сојузник Бенито Мусолини бил застрелан во италијанско село.

Западните сојузници биле на неколку дена од повторно заземање на Европа, Полска била во рацете на Црвената армија, Берлин под немилосрдна опсада, а Фирерот бил принуден да се откаже од замислата за воспоставување империја.

Profimedia

Хитлер пукал од пиштол „Валтер ПП (7,65мм)“, а починал и под дејство на цијанид.

Сопругата на Хитлер, Ева Браун, со која се оженил еден ден претходно, ги следела неговите чекори, осигурувајќи се дека никој од нив нема да се соочи со Русите или ќе одговара за злосторствата кои под негово раководство ги извршил Третиот рајх.

Прочитајте и...  Несекојдневна акција во Велес: Пожарникарите спасија маченце заглавено на бандера! (ВИДЕО)
Profimedia

Хитлер, Ева Браун, министерот за пропаганда Јосеф Гебелс, неговата сопруга Магда и нивните шест деца, плус членови на верниот круг на партијата и персоналот, престојувале во бункерот од 16 јануари, бидејќи моќната германска армија била на работ на колапс.

Секој нареден ден донесувал нови вести за напредокот на Британците и Американците на територијата која била окупирана од нацистите.

Profimedia

До 16 април, Русите стигнале и ја започнале битката за Берлин, донесувајќи 2,5 милиони луѓе и 6.525 тенкови на прагот на третиот најголем град на светот, на три фронта командувани од Жуков, Конев и Рукосовски. Исцрпените нацисти биле бројчано петпати помалку и без надеж дека ќе го одбранат градот.

Хитлер последен пат се појавил „над земјата“ на 20 април за да го пренесе Железниот крст на членовите на хитлеровата младината. Тоа било на неговиот 56-ти роденден.

Прочитајте и...  Па, не ти требаат хеланки, гледаме се! (ВИДЕО)
Profimedia

На 22 април, според тврдењата на многу историчари, доживеал целосен нервен слом, откако се уверил во сигурен пораз, односно кога дознал дека Феликс Штајнер ја прекршил директната наредба.

Одредот на Штајнер добил задача да ги нападне силите на Жуков што го опколиле градот од север, бидејќи деветтата германска армија предводена од Теодор Бусе, се приближувала од југ. Штајнер ги одбил нереалните команди, очекувајќи масакр на неговите изморени сили.

Profimedia

Истиот ден, Хитлер, наводно, разговарал со лекарот Вернер Хас, кој умирал од туберкулоза и кој наводно му предложил отров и пиштол како најдобар метод за самоубиство.

Следните денови, руските напади продолжиле и телефонските линии биле прекинати.

Во раните утрински часови на 29 април, кратко време откако го отрул своето сакано куче Блонид и им дал цијанид на неговите секретари, Хитлер се оженил со Ева Браун на церемонија по која го напишал својот тестамент.

Прочитајте и...  НБА ѕвездата слуша српска музика: Погледнете за која песна станува збор! (ВИДЕО)

Остатокот од денот го поминал давајќи ги последните наредби за уништување на документи.

Телата на Адолф Хитлер и Ева Браун биле пронајдени во 15.30 часот на 30 април 1945 година на крвав тросед.

Прочитај повеќе

Па, не ти требаат хеланки, гледаме се! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

НБА ѕвездата слуша српска музика: Погледнете за која песна станува збор! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

СВЕТ БЕЗ ЛУЃЕ: Што ќе се случува на Земјата кога човештвото ќе исчезне? (ВИДЕО)

Слободен печат.

Нема сепаре и скапо шампанско: Анастасија Ражнатовиќ го прослави роденденот скромно во домашна атмосфера! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Георгина на Кристијано влезе во базен и заборави да го облече долниот дел од бикинито? (ФОТО)

Васко Спасоски

Старлетата малку претера: За вакви бикини треба храброст и некако не е за помлади од 18 години! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Детето кое најмногу ве лути, личи на вас! Изненадени?

Васко Спасоски

Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

Слободен печат

Цеца Ражнатовиќ и Јована Јоксимовиќ се изнаиграа на прославата по повод Бајрам (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Фасцинантна глетка: Наместо туристите, во цветањето на црешните уживаат елени (ВИДЕО)

Слободен печат

Им светат очите од љубов: Игор Џамбазов и Илина повеќе не се кријат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пијан печен компир (РЕЦЕПТ)

Слободен печат