74-годишна баба на 13 внуци ќе се омажи за 27-годишен маж: Нашата врска е многу повеќе од секс

Кети Џенкис
Кети Џенкинс и Девон Обри / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пар со скоро 50 години разлика во годините е решен да му покаже на светот колку е моќна нивната љубов. 74-годишната Кети Џенкинс на сајт за запознавање партнери го запознала 27-годишниот Девон Обри од Тексас, САД. Врската набрзо се претвори во многу повеќе од секс, а тие сега ја планираат својата венчавка.

„Се запознавме на интернет и никој од нас не бараше сериозна врска. Налетав на нејзината фотографија, тоа беше фотографија од нејзините гради. Го прочитав описот на нејзиниот профил и ѝ испратив порака со надеж дека ќе добијам одговор, таа исто така беше онлајн и веднаш ми одговори“, откри Девон за „Дејли Стар“. „Го побарав нејзиниот број, таа ми го даде, а потоа малку разговаравме“, продолжи тој.

Тие разговарале на телефон четири месеци пред да се сретнат бидејќи Кети живеела на два часа оддалеченост од живеалиштето на Девон.

Тој се присети на нивната прва средба откривајќи дека таа „мирисала навистина слатко и добро“ и додал: „Имаше свилена темноцрвена блуза на себе и ништо друго“.

„Кога конечно се видовме на улица, една од првите работи што таа рече беше „низок си“ или „понизок си отколку што мислев“, изјави тој. „Не беше лута, мислеше дека сум убав и се сретнавме во хотелска соба неколку недели после тоа и продолживме да се среќаваме секоја недела“, додал тој.

Тие официјално станале пар откако Кети го поканила на ручек на Денот на благодарноста. Таа никогаш не се омажила, но има четири деца, 13 внуци, 36 правнуци и праправнуци. Девон нема деца, но се оженил на 24-годишна возраст, па се развел во 2021 година, непосредно пред да ја запознае Кети.

„Ниту една од моите претходни врски не беше ваква“ вели Девон.

Тој мисли дека Кети е совршена за него бидејќи тие никогаш не се караат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот