Забележан уште еден балкански рис во Националниот парк Маврово

Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово/ Фото: Фејсбук

Од Национален парк Маврово споделија фотографија од балкански рис на својот фејсбук профил.

Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, е наведено на објавата на нивната страна.

Скоро еден месец откако беше фотографиран рис во Националниот парк Галичица, денеска уште една слична фотографија се појави од уште еден балкански рис во Националниот парк Маврово.

Неколку децении, во Македонија не беа забележани овие животни, сè до втората половина на 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот