70 мигранти исчезнаа во источното Средоземје

Фото: ЕPA-EFE

Вкупно 70 мигранти, кои пред четири дена со гумен чамец тргнале од либискиот брег кон Европа, исчезнале во источниот дел на Средоземното Море.

„Мигрантите неколку пати испратија пораки до Аларм фон”, објави на Твитер невладината организација Alarm Phone, во која работат волонтери кои примаат телефонски повици од мигранти во неволја.

Организацијата наведе дека последниот контакт со мигрантите бил додека тие се наоѓале во територијалните води на Малта, во близина на италијанските води.

Либија е главната рута за илјадници мигранти, претежно од супсахарскиот дел на Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европа по морски пат.

Повеќе од 1.360 мигранти загинале во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот