70-годишна баба без проблем ја искачува велосипедската „патека на смртта“

twitter/apnnews

Велосипедската патека во Боливија позната како „Патека на смртта“ е необичен избор за 70-годишна баба, но Мирта Муњоз покажа дека годините не се пречка за тоа.

Станува збор за една од најопасните патеки на светот, со остри кривини кои се искачуваат до 3.350 метри надморска височина. Велосипедистите возат низ џунгла на почетокот, а потоа продолжуваат кон снежните покриени врвови на Андите. На патот се среќаваат со магла, дожд, слечишта и стрмни кривини, а досега илјадници луѓе го загубиле животот на „Патеката на смртта“.

Но, за 70-годишната Боливијка Мирта Муњоз, која е најстара натпреварувачка на велосипедската трка „Skyrace“ која е долга 60 километри, е еден вид на продожување на хобито со кое се зарази пред многу години. Таа почна да се бави со велосипедизам по ненадејната смрт на синот и по препорака на психолог.

Психологот ми кажа дека возењето велосипед може да ми помогне да ја совладам болката и да продолжам со нормалниот живот – вели Мирта Муњоз.

Таа се надева дека еден од шесте внуци од кои најстариот има 18 години, ќе тргнат по нејзините стапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот