70-годишен шофер без лиценца возел песок за градежни работи за Општина Кочани

камиони транспорт
Фото: илустрација / архива на „Слободен печат“

Возач на камион од Кочани утрово бил запрен од полицијата, при што било констатирано дека тој превезувал песок за потребите на градежни работи за Општина Кочани, без да има лиценца за јавен превоз.

„Денеска (30.11.2022) во 09.00 часот на ул.„Никола Карев” во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола во товарно возило „МАН”, со штипски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(35) од Штип, а управувано од Д.Ј.(69) од Штип. При контролата било констатирано дека со возилото се врши превоз на песок за извршување на градежни активности за потребите на Општина Кочани без поседување лиценца за јавен превоз“, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот