70.000 парови потврдија: Ова е тајната за квалитетен сексуален живот!

Фото: Профимедиа

Џон Готман, американски психолог и терапевт, се занимава со брачни односи, а заедно со својата сопруга Џули дури и основал институт кој служи како институција за помош на паровите.

Овој успешен пар, кој е заедно повеќе од 30 години, зборувал во интервјуто за „Психологијата денес“ како паровите во долгите врски можат да го подобрат својот сексуален живот.

Тие откриле и која навика ја имаат паровите со добар сексуален живот.

– Една работа ме воодушеви кога анализирав што сè е потребно за добар сексуален живот, одржување романса и за страст и сексуална желба. Во книгата „The Normal Bar“ е претставено истражувањето кое е спроведено на 70.000 парови ширум светот. Тогаш издвоив некои навики на паровите со добар сексуален живот – рекол Џон.

Фото: Профимедиа

Многу е едноставно, тврди Џон. Еве кои се тие навики:

– секојдневно си велат еден на друг дека се сакаат;
– се бакнуваат страсно без причина;
– еден на друг си даваат комплименти;
– романтично се изненадуваат еден на друг;
– заедно излегуваат;
– изразуваат нежност во јавност.

Тајната на добриот сексуален живот е да бидете во физички допир. И, тоа е тоа!

Фото: Профимедиа

Неговата сопруга открила дека паровите често имаат погрешни сфаќања.

– Луѓето мислат дека сексот не мора да биде совршен и да изгледа холивудски. Околу вас треба да пука огномет додека на наебото, под Месечината, блескаат ѕвездите. Тоа едноставно не е реално. Сексот мора да биде она што вие сакате да биде. Не мора секогаш да биде ниту совршен ниту романтичен. Тоа сознание на паровите им дава слобода да бидат креативни и неоптоварени во креветот – истакнала Џули.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот