7 видови на симптоми на главоболка кои не треба да ги игнорирате

pexels
Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Сите ние имаме главоболки и најчесто се однесуваме со нив како да се дел од секојдневието и се справуваме со истите со одмор или таблета против болка. Но што кога болката не поминува? Дали тоа значи дека ситуацијата е посериозна?

„Главоболките се најчесто непријатни, но безопасни, и многу ретко сериозни. Посериозните главоболки се случуваат одненадеш и не поминуваат лесно и со одмор. Најчесто се придружени со температура и когнитивни проблеми“, вели Бен Тарнер, консултант невролог во „London Bridge Hospital“.

Какви главоболки постојат?

Двете главни категории на главоболки се примарни и секундарни. Според Тарнер секундарните главоболки можат да бидат предизвикани од крварење во мозокот или тумор, но исто и од нешто помалку страшно како инфекција на синусите.

Примарните главоболки се појавуваат кога нема структурална причина за главоболката и истата е поврзана со абнормални сигнали во мозокот. Има два типа на примарна главоболка, тензиона главоболка – која е најчестата и мигрена.

Тензиона главоболка

„Некогаш луѓето имаат главоболка како некој да им ја стегнал главата или чувствуваат внатрешен притисок. Ваквата сензација се вика тензиона главоболка и не е проследена со повраќање, осетливост на светлина, звук или мирис“, вели докторот Фајз Ахмед, професор по неврологија на „Hull York Medical School“.

Мигрена

Друг тип на примарна главоболка е мигрената. Нападите на мигрена траат од 4 до 72 часа и имаат различни типови на симптоми во кои најчесто се вклучени силна пулсирачка главоболка, која е најчесто, но не секогаш на едната страна од главата.

unsplash

7 видови на симптоми на главоболка кои не треба да ги игнорирате

 

Ненадеен почеток

„Ненадејниот почеток на силна главоболка може да биде причина за грижа, на пример ако болката е најинтензивна во помалку од минута или две. Сензацијата треба да биде како некој да ве удрил со палка по главата“, вели Тарнер.

Укоченост во вратот и температура

Ако главоболката е проследена со укоченост во вратот или температура, Тарнер предупредува дека ова може да се симптоми на менингитис и бараат итна медицинска интервенција.

Можни симптоми на мозочен удар

Ако имате главоболка со симптоми како двојно гледање, губење на видот, промена во свесноста, слабости во екстремитетите или напад, ова може да бидат знаци за мозочен удар и треба да се проверат, дури и да траат кратко. „Главоболките кои се проследени со губење на вид, слабост, промена во говор и траат повеќе од еден час, мора да бидат проверени од медицинско лице“, вели Тарнер.

Главоболка која ве буди ноќе

Ако се будите ноќе од главоболка и истата се влошува кога ќе легнете или пак наутро, може да биде индикатор на покачен притисок во главата. Ваквиот зголемен интракранијален притисок или интракранијална хипертензија може да се случи по сериозна повреда или мозочен удар. Ретко може да биде проблем кој трае, а нема јасен причинител.

Главоболки предизвикани од напрегање

Според докторот Ахмед, главоболките предизвикани од напрегање – како што е кашлање, кивање или наведнување нанапред може да се показател на посериозен проблем и треба да се проверат.

Различни од нормалното

Ако претходно постоечка главоболка ги смени своите карактеристики, би било убаво да се направи проверка.

Главоболки кај постарите луѓе и кај луѓето со веќе постоечки медицински проблеми

Ново појавените главоболки кај луѓе над 50-годишна возраст треба да се проверат според Ахмед. „Колку е постар пациентот, толку е поголема шансата главоболката да биде поврзана со сериозна медицинска ситуација“, пренесува „Independent“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот