7 работи кои задолжително СЕКОЈА МАЈКА треба да ги направи

profimedia

Жените, односно супержените кои покрај своите проблеми ги решаваат и проблемите на целото семејство заслужено треба да одвојат време и за себе. Жената прави се за својот, сопруг, за своите родители, за родителите на сопругот, за децата, за јадење, за пиење, за појадок….за на училиште, за на одмор, буквално планира и подготвува се. Но, дали во текот на годината правите нешто само за вас? Ние ви нудиме листа од седум работи за кои секоја жена или мајка би требало да одвои неколку часа во годината и да ги направи единствено за себе.

1. Одете на масажа

Масажата ќе ви помогне да се релаксирате и да го подобрите здравјето на вашето тело. Постојаната грижа за децата ве прави напнати и згрчени, поради што често ви се појавуваат болки во вратот и рамената.

2. Поминете 24 часа одвоени од вашите деца

Ако успеете тие 24 часа да ги продолжите и на една недела, тогаш уште подобро за вас.

3. Потрошете поголема сума за парче облека или нешто што ве развеселува

Понекогаш дозволете си луксуз и барем еднаш годишно потрошете поголема сума пари на парче облека или некој моден додаток којшто ќе ве развесели и ќе направи да се чувствувате шик и во тренд.

4. Најдете си нов/а пријател/ка

Во ред е тој или таа да биде и родител на некое од децата со коешто вашето дете оди во градинка или на училиште. Но, потрудете се вашите средби и разговори да не ги посветувате само на децата.

5. Направете нешто целосно неодговорно

Вие сте мајка која ги држи работите под контрола 364 дена во годината. Затоа, слободно посветете си една вечер себеси, излезете, „заборавете“ го телефонот дома, испијте неколку коктели и смејте се.

6. Посетете настан од уметноста

Не е важно дали ќе се одлучите за изложба, концерт, театар, филм, важно е да се дотерате, нашминкате и да излезете од дома. Културните настани во себе имаат некоја посебна магија која ја буди креативната страна кај човекот.

7. Ангажирајте сервис за чистење

Барем еднаш годишно, неколку дена заборавете на крпите, четките, средствата за чистење, кофите, сунѓерите… Доколку сте во можност ангажирајте сервис за чистење. Вие за тоа време направете една од работите споменати погоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот