7 работи кои НИКОГАШ не смеете да ги јадете на празен желудник

Сите знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, но дали знаевте дека не смеете баш сè да јадете во утринските часови? Јогурт, чаша кафе или свеж сок од портокал – се некои од работите кои на многумина им паѓаат на ум кога ќе се спомне појадокот. За жал многу малку од луѓето се свесни за тоа кои производи треба да ги избегнуваат на празен желудник. Еве некои од нив.

1. Домати
Иако доматите се богати со витамин Ц и хранливи материи, сепак треба да се избегнуваат за време на појадокот. Танинската киселина присутна во доматите ја зголемува киселоста во желудникот и може да доведе до проблеми во него. Затоа оние кои имаат проблеми со хранопроводот и чиреви, треба да избегнуваат одредена храна од типот на цитрусни производи како што се портокал и лимон.

домати во тегла
Фото Профимедиа

2. Газирани пијалаци
Многу луѓе мислат дека безалкохолните пијалаци можат да се консумираат во кое било време и каде било, но дали е тоа вистина? Што ако ви кажеме дека пиењето безалкохолни пијалаци на празен стомак може да предизвика надуеност или нешто уште полошо? Консумирањето премногу газирани пијалаци може да ги зголеми киселите состојби во желудникот, што пак може да биде причина за рак на хранопроводникот. Затоа размислете двапати пред да посегнете за лименката газиран сок во иднина.

3. Пециво/лесно тесто 
Без оглед на тоа дали чувствуваѕе глад веднаш штом ќе се разбудите или пак подоцна во денот, најчесто посегнувате по пециво или парче овошје. Но пецивата можеби не се најдобриот избор. Полни се со квасец, кој може да ви го изиритира желудникот.

4. Зачинета храна
Јадењето зачинета храна на празен стомак ги зголемува шансите за иритација на желудникот, што може да доведе до киселини и грчеви. Зачинетата храна има силен вкус и многу лесно го забавува процесот на варење на храната. Лук, чили и ѓумбир се некои од примерите кои не се препорачливи на гладно.

5. Слатки
Шеќерот е многу лесен за варење. Но кога шеќерот ќе влезе во празен желудник, човечкото тело не може да произведе доволно количество на инсулин за да ги одржи нормалните нивоа во крвта. Покрај тоа шеќерот е храна што формира киселина што може да го наруши киселинско-алкалниот баланс. Всушност, оние со ризик од дијабетес, кои имаат висок шеќер во крвта треба да избегнуваат слатки.

6. Јогурт
Не се препорачува да се пие јогурт на празен стомак поради млечните киселини што ги содржи и затоа е најдобро да се пие 1-2 часа по оброкот.

7. Круши
Крушите содржат сурови влакна. Кога ги јадеме на празен стомак, може да им наштетиме на деликатните мукозни мембрани и да предизвикаме болки во желудникот. Препорачливо е да ги јадете со некои други зрна или овесна каша во комбинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот