7 нутриенти со кои изобилуваат портокалите

Еден среден портокал (околу 130 гр без кора) содржи 62 калории, 1 г протеини, 12 гр шеќер и 3 гр влакна.

Оваа количина подмирува дури 116 отсто од дневната потреба на организмот за витамин Ц, како и 6 отсто од дневната потреба за витаминот А и 10 отсто за фолна киселина. Од минералите, портокалите се богати со калиум, кој е важен за кардиоваскуларното здравје, а содржат и помали количини на калциум.

Портокалите содржат и флавоноиди кои делуваат кардипротективно, додека лимонската киселина која ја содржат може да помогне во превенцијата на камен во бубрезите.

Витаминот Ц во портокалите исто така ја подобрува апсорбцијата на железо од дигестивниот тракт и на тој начин помага во превенцијата од анемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот