Ослободени десетици киднапирани ученици од Нигерија, шестмина загинаа во заробеништво

Деца од Нигерија /Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Десетици ученици од едно приватно муслиманско училиште во западниот дел на Нигерија, кои беа киднапирани пред три месеци, се ослободени, а шестмина загинале во заробеништво, изјави вчера директорот на училиштето, пренесува Ројтерс.

На 30 мај, околу 200 тешко вооружени мажи го зазедоа градот Тегина и киднапираа 136 ученици од приватното муслиманско училиште „Салиху Танко”. Во Нигерија, од декември минатата година се случија серија масовни киднапирања во училиштата и универзитетите.

Шестмина ученици од Тегина загинале во заробеништво, а 15 успеале да избегаат во јуни, истакна директорот на училиштето Абубакар Алхашан.

„Сите ученици се ослободени. Ги враќаме дома. Не можам сега да го кажам точниот број. Ќе утврдиме кога ќе се вратат дома. Но, ниту еден од учениците веќе не е заробен“ истакна Алхашан, кој не соопшти детали околу ослободувањето на децата.

Во северозападниот и централниот дел на Нигерија, се зголемува бројот на напади, масовни киднапирања и разбојништва извршени од криминални групи кои ги нарекуваат „бандити”. Но, оваа година напаѓачите се насочени кон ученици и студенти за кои бараат откуп.
Околу илјада ученици и студенти се киднапирани од декември 2020 година, кога разбојниците почнаа да напаѓаат училишта. Повеќето се ослободени по преговорите, но стотици други се држат во кампови скриени во шумите

Нов напад во улилиште во Нигерија, вооружени напаѓачи грабнале 140 деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот