Почина Хабре, поранешниот диктатор од Чад

Диктаторот Хабре од Чад/ Фото EPA/STR

Поранешниот претседател на Чад, Хишене Хабре почина во Сенегал, каде што отслужуваше доживотна казна затвор за воени злосторства и злосторства против човештвото, изјави вчера сенегалскиот министер за правда Малик Сал, пренесува Ројтерс.

Хабре почина на 79 години од последици од Ковид-19.

Хабре беше претседател на Чад од 1982 до 1990 година, а неговата власт беше одбележана со брутално задушување на незадоволството, при што се убиени над 40.000 луѓе.

По неговото соборување Хабре побегна во Сенегал, каде повеќе од 20 години живееше слободно во предградие на Дакар со сопругата и децата.

Хабре познат и како Африкански Пиноче, уапсен е во 2013 година и му се судеше пред специјален суд формриан од Африканската Унија.

Тој беше осуден во Дакар во 2016 година за воени злосторства и злосторства против човештвото на доживотна затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот