62 санкционирани возачи во Илинден, 10 за возење под дејство на алкохол

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 62 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот