Во сообраќајка во скопско Долно Соње повредени две девојки

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 15.45 часот на улицата „8″ во с.Долно Соње, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила „голф”, едното управувано од Ќ.Б.(53) од село Св.Петка, скопско, а другото управувано од С.А.(21) од село Чифлик.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со повреди се здобиле сопатничките А.Б.(22) и уште едно малолетно лице, сите од село Св.Петка, како и возачите на двете возила Ќ.Б. и С.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот