60-годишник без одобрение започнал да гради објект од пет ката во Гостивар

Полиција / Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „бесправно градење” од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот 60-годишник, без претходно да прибави градежно-техничка документација, односно одобрение за градење, започнал да гради објект во Гостивар – градба од 5 ката со деловни простории и станбени единици. На 18 јуни овластен градежен инспектор извршил инспекциски надзор – увид на лице место и бил сочинет записник, информираат од гостиварското Обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот