6 места во куќата каде што е најдобро да се сокријат пари: Таму никој нема да се сети да ги бара!

Прескокнете ги очигледните места и зачувајте ја успешно својата заштеда од крадците…

За многу луѓе куќните „скришни“ места сепак изгледаат како подобра опција отколку банката, но сепак стравуваат дека во случај на провала би можеле да останат без своите заштеди.

За да се избегне ова, парите не треба да се чуваат на очигледни места како што се фиоки, плакари или уште полошо, посебни паричници во плакарот или пад видливи касички.

Ви претставуваме 6 феноменални места каде можете да сокриете пари во куќата – таму никој не би ги барал!

Аквариум со риби

Преклопете ги банкнотите и спакувајте ги во мала стаклена тегличка, добро затворете ја и сокријте ја во заглавено бродче или друга декорација што ја имате во аквариумот. Доколку може да ја собере, можете да ја скриете и во филтерот за вода.

Прочитајте и...  ВИЦ НА ДЕНОТ: Мерки

Батериска ламба

Отстранете ги батериите и ставете ги парите на нивно место. Уште подобро – излепете ја ламбата со салотејп или некаква леплива лента, така што ќе изгледа како ламбата да е разлабавена на тоа место, па сте ја прицврстите со леплива лента.

Детска играчка

Ако имате деца и многу играчки, ова е одличен избор. Но внимавајте некоја сомнителна играчка убаво наредена на полицата ќе го привлече вниманието на крадците и ќе биде прегледана. Најдобар избор се музичките кадифени играчки – ако крадецот ја допре играчката, звукот ќе се вклучи и ќе го изненади веднаш, а тој нема да може да го слушне шушкањето на банкнотите.

Куќа за кучиња

Ретко кој крадец би се сетил да ја подигне куќарката за кучиња и да види дали можеби има пари под неа! Само бидете сигурни дека парите се убаво спакувани и заштитени и покриени со земја.

Прочитајте и...  Раде Шербеџија потпишал брачен договор со сопругата! Тој има право само на една работа

Стари патики

Никој нема да се сети да погледне во пар дотраени, валкани патики, особено ако имате многу пара чевли.

Клопче волна и конец

Можете лесно да ставите свиткана банкнота во волнено клопче и верувајте никој нема да се сети да бара таму. Направете го местото колку што е можно помалку сомнително – додадете конци, ножици, игли за плетење …

 

Поврзани вести

Светот на Дизни доби нова принцеза: Запознајте ја храбрата Раја! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Кејти Холмс ужива во „скромниот“ начина на живот, заедно со своето ново момче (ФОТО)

Слободен Печат

Легендарниот омот на „Бјело дугме“: Девојката со голите гради добила шлаканица од момчето (ФОТО)

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Шуфнудли со кајмак (РЕЦЕПТ)

Слободен Печат

ФОТО: Кои биле мажите што ги обожаваше Леонардо да Винчи?

Слободен печат

Девојката на Бред Пит во провокативно издание: Прескрасната Никол Португалски ги остави обожавателите без зборови! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар