6 хороскопски знаци кои не ги исполнуваат своите ветувања и не ја заслужуваат нашата доверба

Доколку ветувањата што не ги исполнувате се мали, дали тоа и понатаму е голема работа? Па, доволно малите неисполнети ветувања може доведат до големи последици. Ако никогаш не се држите до дадениот збор, можете да ја изгубите работата, клиентите, пријателите, партнерот…

Близнаци

Кога Близнаците нешто ќе ветат, тие имаат намера тоа и да го исполнат. Меѓутоа, постојано се обидуваат повеќе од тоа што навистина можат да го направат и можат да бидат затрупани со се она што треба да го направат.

Кога за нешто ќе дадат ветување, не размислуваат многу дали навистина можат тоа да го исполнат. Тешко им е да останат фокусирани на задачата, а склони се на „преголеми залаци“. Тие се плашат од неодобрување и дека ќе ги изневерат луѓето, затоа ќе ветат нешто само колку да би ветиле.

Водолија

Водолијата може да вети нешто, само за да го добие тоа што го сака. Таа ги користи ветувањата како валута и нема гаранција дека ќе си го одржи својот збор. Може да биде манипулативна и способна себеси да си даде оправдување, како голем интерес.

Понекогаш Водолиите се недоследни, особено кога се во прашање ветувањата. Ако се под притисок да ги исполнат своите ветувања, поголема е веројатноста дека тоа нема да го направат.

Вага

Вагите имаат потреба да им удоловат на сите и сите да ги усреќат. Тие сакаат другите да ги гледаат како некој кому може да му се верува и некој што е верен, затоа можат да дадат ветување, кое веројатно нема да го исполнат. За Вагите подобро би било да бидат искрени и да признаат дека не сакаат за направат нешто, но тие се плашат дека така ќе западнат во проблеми. Тие даваат толку големи ветувања, за кои ако би размислувале барем една минута, и сами ќе знаат дека не можат да ги исполнат.

Риби

Рибите се многу љубезни и сакаат да им помогнат на сите на кои им е потребна нивната помош. Проблемот е во тоа што тешко кажуваат не. Тие се согласуваат на секакви работи и даваат ветувања и лево и десно. Но, кога ќе дојде време тоа да се исполни, Рибите се преоптоварени и презафатени да исполнат макар и половина од тие ветувања што ги дале.
Рибите се идеалисти и сакаат себеси да се сметаат како личности кои ги извршуваат сите свои ветувања, но на крај сè се сведува на тоа дека само Супермен би бил во состојба сето тоа да го напорави.

Стрелец
Ако исполнувањето на ветувањето не го оптоварува многу и прави да изгледа добро додека го прави тоа, можеби ќе може да го одржи зборот. Меѓутоа, Стрелците се невнимателни во своите ветувања и можат да ги заборават веднаш штом ги дадат.

Стрелците не се злонамерни, само малку повеќе се ориентирани кон себе. Не може да се каже дека не се великодушни или чесни, но дека повеќе се фокусирани на своите потреби. Поважно им е тоа што сакаат да го направат со своето време од дадените ветувања.

Овен
Кога Овенот ќе вети нешто, тој е сигурен дека ќе го одржи своето ветување. Но тогаш ќе се појават нови работи, па Овните ќе бидат многу зафатени и тоа ветување оди на дното на нивната листа.
Овните ќе се согласат на нешто без да размислуваат за логистика, а организацијата на задачи не е една од неговите предности. Не сакаат некој да го доведе прашањето за нивната способност, па на крај ќе ветат дека ќе направат нешто што е претешко додека дополнително не се помачат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот