5Г-технологиите кои ќе го трансформираат светот

Фото: EPA-EFE/LONG WEI

На десетиот форум Global Mobile Broadband неодамна одржан во Цирих, објавен е документ за осум клучни технологии за кои се предвидува дека ќе имаат значителен пазарен потенцијал во моментот кога 5Г-стандардот ќе почне да се применува, пренесува „Б92“.

Оваа година ќе остане запомнета по глобалната афирмација на 5Г-производите и услугите. Оваа технологија има огромен потенцијал за поттикнување и раст на дигиталната економија, поради што се очекува 5Г да добринесе кон поголема индустриска дигитализација низ различни сценарија.

Во документот претставен на форумот, Huawei Wireless X Labs издвои осум домени на примена кои ќе бидат унапредени поради постоењето на 5Г-мрежата.

– Проверка на квалитетот на производите (Cloud Vision i Cloud Test за „паметните“ фабрики)
– Инженерски машини (Cloud Teleoperation за „паметни“ рудници и пристаништа)
– Cloud video за безбедно поминување на патиштата и мостовите
– Координирана контрола за „паметни“ магацини
– Играње видео-игри во cloud
– Вирутелна реалност (VR) во cloud
– Непречена репродукција на 4К и 8К видеа на мрежата
– Преноси во живо на cloud

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот