Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера од 10 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на териториите на Штип и Кочани, при што санкционирани се 90 возачи, од кои 58 возеле со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без положен возачки испит, 7 поради нерегистрирани возила.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ велат од МВР.