57 години од големата поплава на Скопје (ВИДЕО+ФОТО)

На 16 ноември 1962 година, како резултат на силните дождови Скопје беше поплавено. Седумстотини и триесет кубици истекувале од главниот испусен тунел во хидроцентралата „Матка“, а преку 70 кубни метри вода во секунда ги преплавувале ѕидиштата на браната. Водата продолжувала да расте и за само 15 минути бил забележан пораст од 4 сантиметри. Машинската хала на централата била поплавена, турбогенераторите исклучени, целото езеро Матка било полно со трупци дрвја.

wikipedia

Езерото почнало да надоаѓа точно во 11:55 часот, односно тогаш ја поминало браната. Во 13:00 часот се прелило во машинското одделение, го однело бетонскиот и камен потпирач пред централата.

Во Скопје се удавиле 4 лица, пријавени до 18 часот. Најмногу настрадале подрачјата на општина Идадија, кај Градскиот парк, околината на улица „Илинденска“, делот околу главната пошта и градскиот плоштад. Во градот биле загрозени куќите по должината на улица „Цветан Димов“, поради излив на реката Серава.

Некаде околу 16:00 часот сите училишта биле распуштени. Оние ученици кои живееле блиску, биле пречекани од родителите на училишната врата, но имало деца кои живееле далеку и не можеле да си одат дома поради водата.

Wikipedia

На новиот бетонски мост, поради силните дождови, работите биле прекинати. Но работниците не ги напуштиле своите места и заедно со стручњаците, уште од три часот изутрината, со долги железни шипки ги отстранувале големите трупци што ги носеле опасните брзаци на Вардар. Овој мост требало да биде пуштен во употреба на 29 ноември 1962 година. Кај овој мост хидрометеоролошката служба поставила водомер. Во 14:30 часот, тука бил забележан водостој за осум сантиметри повисок во споредба со 5 ноември 1937 година, кога нивото на водата било за 260 см над нормалата.

Wikipedia

Особено биле загрозени пешачките дрвени мостови: кај Народниот театар, и мостот што се наоѓа меѓу новиот бетонски и железничкиот. Поради нивната нестабилност под притисок на надојдените води, на 16 ноември претпладнето на нив бил забранет пешачкиот сообраќај.

Wikipedia

Железничкиот мост кај Воена болница бил забранет за сите возови, а движењето по Железничкиот мост кај Ѓорче Петров било дозволено со пет километри. Само еден мост на Вардар бил сигурен, тоа бил Камениот мост.

Околискиот штаб за елементарни непогоди веднаш презел мерки загрозените семејства од подрачјето на Идадија и Кисела Вода да бидат сместени во осмолетката „Кочо Рацин“, а загрозените семејства од Кале и Саат Кула, во Здравствениот дом на овие општини. Во овие два пункта во градот, биле сместени и сите загубени деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот