Дали сте постојано под стрес? Нерасположени сте и уморни? Во тој случај, ви треба ментален финтес

Pexels

Веќе со месеци терапевтите забележуваат зголемен број на клиенти кои страдаат од анкциозност, депресија и панични напади. Пандемијата со ковид-19, финансиската несигурност и постојаното чувство дека опасноста е зад аголот, несомнено си го сторија своето. Постојат голем број на техники за емотивна регулација и начини за соочување со стресот, но важно е луѓето проактивно да преземат чекори кон подобрување на менталното здравје – тоа може да е терапија, медитација, здрава исхрана или физичка активност.

„The Wall Street Journal“ сподели совети од експерти и неколку чекори што би можеле да ги примените во вашиот ментален фитнес режим.

Направете го сонот приоритетен

Pexels

На возрасен човек му се потребни 7-8 часа квалитетен сон. Според научниците, константен режим на заспивање и будење му праќа на мозокот сигнали дека „светот е безбеден и сигурен“, што помоага да се намали анкциозноста.

Поставете си рутина

Pexels

Станувајте во исто време секој ден, облечете се, следете утрински ритуал (многумина водат дневници или пополнуваат дневни планери), јадете оброци и вежбајте секогаш во исто време во денот. Ова помага да задржите чувство на предиктабилност во време кога ситуациите делумно „излегуваат од контрола“.

Внимавајте како се третирате себеси

Pexels

Истражувањата покажуваат дека луѓе кои имаат поголемо трпение за себе, се чувствуваат посреќно и помотивирано. Честопати покажуваме разбирање и сочувство кон сите останати освен нас самите. Затоа е потребно да се третираме себеси како што би го третирале нашиот најдобар пријател. Не заборавајте дека секој минува низ тешки моменти. Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот и полесно да се поврзете со луѓето околу вас.

Раздвижете го телото

Pexels

Голем број научни истражувања се доказ за тоа дека аеробикот помага при намалување на тензијата и омалаксаноста, а ги подобрува концентрацијата, сонот, расположението и самодовербата. Експертите посочуваат дека вежбање во природа го намалува стресот и лачењето на кортизолот, го регулира крвниот притисок и го подобрува расположението.

Ставете се на „медиа“ диета

Pexels

Секојдневно сме „бомбардирани“ со негативни вести и тоа несомнено влијае врз начинот на кој нашето тело и ум реагираат. Филтрирајте ја содржината што ја консумирате, исто како што би правеле доколку би „броеле калории“, а би било одлично доколку можете да одредите временски интервали кога сосебма би го исклучиле телефонот.

Одберете хоби паметно

Pexels

Активности кои ни даваат чувство на „значајност“ и „исполнетост“ значително го подобруваат менталното здравје. Такво хоби би било: волонтерство, учење нов јазик, учење нов инструмент или интерес за нов спорт.

Култивирајте здрави меѓучовечки односи

Pexels

Луѓето кои одржуваат силни врски со други луѓе се емотивно поздрави. Поставете си задача да се реконектирате со пријателите и семејството, обидете се еднаш дневно да се видите или чуете со барем една личност – прашајте што е ново, и обидете се да зборувате за теми кои ќе го одвлечат вниманието од негативните вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот