Пријанка Чопра со смела комбинација на доделувањето на БАФТА наградите
Индиската актерка, која гради успешна кариера во Холивуд и поранешна Мис на светот, редовно воодушевува со секое нејзино појавување во јавноста, па затоа не е изненадувачки што е омилена во светот на модата.
Доделувањето на филмските и телевизиски награди БАФТА годинава се одржаа во посебни околности поради глобалната пандемија, а згодната Пријанка Чопра, за која многумина сметаат дека е една од најубавите жени во светот, уште еднаш го украде вниманието на светската јавност.
View this post on Instagram
Темнокосата убавица, која ја освои титулата Мис на светот во 2000 година, без сомнение беше една од најзначајните гости во впечатливо издание, покажувајќи вртоглаво деколте во црвен топ украсен со везени цвеќиња од шпанскиот бренд „Пертегаз“.
Ова ефективно парче што го истакнуваше нејзиното деколте, Пријанка го искомбинирала со бели сатенски панталони со интересен крој и челви од Кристијан Лубутин.
View this post on Instagram
Ѕвездата на филмот „The White Tiger“ на оваа церемонија се појави во друштво на нејзиниот сопруг Ник Џонас, кој пак, се одлучил за класична комбинација – црн смокинг и елегантни чевли.
Во едно поранешно интервју, Чопра истакна дека многу страдала по неуспешна операција на носот, но дека на крајот го прифатила својот изглед.
View this post on Instagram
„Кога би изгледала како другите класични убавици, тогаш не би можела да се истакнам и што е уште поважно, тоа не би била јас. Денес кога ќе се погледнам во огледало веќе не сум изненадена. Се помирив со малку поинаква слика за себе. Јас сум како сите жени кои се гледаат во огледало и мислат дека треба да ослабнат, но на крајот на денот сум среќна. Ова е моето лице и моето тело. Можеби има недостатоци, но тоа сум јас“, во една прилика изјави 38-годишната Пријанка.