511 нови случаи на ковид-19, две починати лица

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 1489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на ковид-19 од Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2, Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 5.7.2022.

Направени се 1489 тестови преку: ИЈЗ-251, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–136, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-52, Биотек-107, Систина-42, лабораторија Лаор-11, Синлаб-3, Ремедика-11, Плодност-7, Генеа-16, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 538.

Досега во земјата се направени вкупно 2 092 192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316 729, бројот на оздравени пациенти е 305 503, на починати е 9337, а бројот на активни случаи изнесува 1889.

Видео на денот