500 милиони причини зошто Бред и Анџелина не можат да се разведат!

Бред Пит и Анџелина Џоли ги решиле речиси сите проблеми со разводот. Тие постигнаа договор за старателство над деца, но сѐ уште имале „мал“ проблем.

Се проценува дека тие имаат околу 500 милиони долари заедничко богатство, што создава голема главоболка за нивните адвокати.

Адвокатите веруваат дека со години, можеби ќе биде потребно време да се најде компромис за неговата поделба, со која и двајцата ќе се согласат. Овие 500 милиони вклучуваат недвижен имот, автомобили, накит, уметнички дела и скапи облеки.

Најголем проблем е недвижниот имот во Прованса. Бред и Анџелина купиле околу 400 хектари лозови насади за 60 милиони долари. Но, тие подоцна го подобрија и почнаа да произедуваат вино кое е многу наградувано.

Ова доведе до потешкотии во оценувањето на вредноста што ја спречува поделбата.

– Тој би сакал да го продаде, но таа сака да го задржи имотот како извор на приход – рече изворот на весникот „Мирор“.

Оваа ситуација е кулминација на сите проблеми со разводот што ги имаат адвокатите на Бред Пит и Анџелина Џоли.

– Тие едвај можат да се договорат и за нештата – продолжи изворот.

Ниту една од двете страни не се согласува да направи компромис, и никој не е подготвен да ја откупи другата половина, за да може процесот за развод да продолжи.

– Кога се соочуваме со повеќе имот, целиот процес станува тежок – рече адвокатот за разводи Џена Спек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот