5 работи кои ниту една ЖЕНА не би требала да ги ПРАВИ поради својот партнер!
Една од најважните работи во врската е да се остане верен на себе и да се задржи своето ЈАС.
Доколку некој побара поради него да го промените друштвото, хобито или која било друга работа, тоа е знак дека тоа лице не е за вас. Љубовната врска би требала да се гради на многу подлабоки темели од изгледот и облеката. Во љубовта нема место за површност, а личноста со која сте во врска треба да ве сака точно онакви какви што сте.
Еве кои работи не би требало никогаш да ги правите поради вашиот партнер:
Диета
Никогаш немојте поради вашето момче, маж… да бидете на диета. Одлуката за здрава исхрана или вежбање би требало да ја донесете поради сами себе, а не за да импресионирате некое машко.
Прекинување на некое пријателство.
Доколку момчето ви брани да се дружите со други машки, дури и ако се работи за вашите пријатели од детството, тогаш веднаш откачете го. Доколку партнерот не верува во машко-женски пријателства, тоа многу говори за неговиот однос кон другите жени.
Жртвување на кариерата
Не морате да избирате меѓу љубовта и кариерата. Ако вашите деловни обврски му сметаат, преиспитајте ја вашата врска. Мажот кој ве сака мора да ве поддржува во работата и да ги брани вашите интереси.
Менување на стилот
Доколку тој сака дотерани и нашминкани жени, а тоа не е вашиот стил, можете понекогаш да го развеселите во такво издание. Но својот стил никогаш не треба да го менувате поради некое машко, а ниту вие да го принудувате тој да се менува поради вас.
Менување на фризурата
Тој сака блондинки, а вие сте бринета. Сака долга коса, а вие имате кратка. Дадете му до знаење дека вашиот стил и изглед е ваш избор.