5 превкусни рецепти за вашето бебенце

Рецептите што ви ги предлагам се лесни и брзи за подготовка на единечни порции и ќе ви овозможат да комбинирате бои и вкусови и да ги навикнете децата на нови вкусови кои, се надеваме, ќе им се допаднат. 

Еве пет идеи за здрав оброк за вашето бебенце. Да ве потсетиме, во „солените“ јадења, на крајот додавајте по 1 лажица изрендан пармезан, кој не само што е здрав, туку значително го збогатува вкусот.

Пире од зеленчук

Потребни ви се – 2 компира, половина морков, половина стебленце целер, 50 гр свежо сирење (урда, рикота), пармезан и екстра девствено маслиново масло.
Сварете ги компирите, а пота изгмечете ги убаво со вилушка заедно со сирењето.
Настрана, исчистете ги и исечкајте ги морковот и целерот, и оставете да се сварат 25 минути. Потоа, и нив изгмечете ги со вилушка, и додадете ги во компирите и сирењето.
Зачинете со лажица пармезан и мала лажичка маслиново масло.

Пире од риба и компир

Сварете парченце риба, потоа педантно извадете го секое ковче. Во друг сад сварете 1 компир. Со вилушка убаво изгмечете ја рибата, па компирот и помешајте ги заедно. Додадете 1 лажица сос од домати и лажичка екстра девствено маслиново масло.

Зеленчук во јогурт

Сварете 1 морков и половина тиквичка, а потоа испасирајте ги. Додадете 10 мл веќе разредено млеко (истурете го полека) и 1 лажица изрендан пармезан, а потоа убаво измешајте сè заедно. Загрејте ја смесата на тивок оган и на крајот на готвењето додадете половина чаша јогурт.

Пире од јаболко и банана

Зовријте 75 грама вода, додадете малку сок од лимон, јаболко (80 гр) и банана (80 грама) претходно исечкани на ситни парчиња. Варете ги 5 минути. На крајот на готвењето, измешајте сè заедно, испасирајте, и оставете да се излади пред да послужите.

Крем од брокула и пилешко

Сварете околу 80 грама брокула, потоа испасирајте ја. Во посебен сад сварете околу 40 грама бело пилешко месо. И пилешкото испасирајте го, па додадете ја брокулата, заедно до 3 гриз, 1 лажица екстра девствено маслиново масло и 1 лажица изрендан пармезан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот