5 нешта кои секој пар треба да ги испроба во првата година од врската

врска пар

Постојат некои нешта кои секој пар треба да ги искуси, а не се поврзани со бакнежите и сексот.

Токму овие нешта ќе ви покажат дали ја имате идеалната личност покрај себе и ќе ви помогнат да предвидите како врската би се развивала на подолг план.

Секако, не сте задолжени да составувате дијаграми и инфографици за карактерните особини на новиот партнер, но добро би било некаде во главата да водите лична евиденција.

Ова се пет нешта кои мора да ги пробате што порано, односно во текот на првата година од врската:

Заеднички да зготвите оброк

На овој начин ќе откриете дали сте создадени за тимска работа. Готвењето е само еден забавен начин кој ќе ви помогне да процените како ќе се снаоѓате натаму во врската. Следете го однесувањрто на партнерот, но и внимавајте на своето.

Да отидете на заедничко патување

Можеби првата година ви изгледа како прерано за заеднички одмор, но такво нешто мора да се случи што порано, макар и да се работи само за викенд. Вклучете ги сите сензори и видете како ќе функционирате далеку од дома.

Да имате барем една сериозна караница

Ако не се случи ниту најмал конфликт во 365 дена, тоа треба да е поалармантно отколку ако се карате и по неколкупати во месецот. Караниците се здрави, тие ќе ви покажат колку е стабилна врската.

Да се запознаете со по некоја блиска личност

Во прв момент тоа не мора да бидат родителите, туку брат/сестра и блиски пријатели. Но, ако сте заедно подолго од шест месеци добро би било неформално да ги видите родителите на партнерот, а и тој вашите. Сите ние сме слика на своето семејство, па така и вашата, а и претставата на другата страна за вас, се формираат врз поцврста основа.

Да уживате во тишина

Долгите разговори, смеењето, дружењето, бакнежите и сексот се важни, но научете дека и молкот има своја вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот