„Коронавирус“ стана службен збор во клингонскиот јазик

Клингонскиот јазик, што е измислен за потребите на филмскиот серијал „Ѕвездени патеки“, го прошири вокабуларот со неколку зборови поврзани со пандемијата од коронавирус, потврди еден од неговите зборувачи.

– Пандемијата ги преокупираше и следбениците на  клингонскиот јазик – изјави Ливен Л.Литер,  јазичниот стручњак на „Ѕвездени патеки“ , кој од изумителот на тој јазик, американскиот лингвист Марк Окранд, побарал да се надополни речникот со поими како „ковид-19“, „коронавирус“, „не сум болен“ и „вакцинирање“.

Ова се последните во низата зборови кои се приклучија во клингонскиот јазик кој сега брои повеќе од 4000 зборови. Изворно клингонскиот имал само 1800 зборови во моментот на настанувањето во 1985 година.

Литер кој сега предава клингонски онлајн, мисли дека во светот само 20-30 луѓе течно владеат со јазикот кој има многу гласови тешки за изговор.

Според Институтот за клингонски јазик до сега се продадени повеќе  од 300.000 примероци на Окрандовиот Клингонски речник. Литер кој е роден во Белгија, а живее во Германија, во 2019 година ја освои германската награда за фантастика за преводот на детската  книга „Малиот принц“ од Антоан Сен – Егизпери на клингонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот