Шестмина загинати во украински автобус во Полска 

Полско знаме/ фото: МИА

Шест лица загинаа, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во југоисточна Полска, кога украински автобус слетал во канал, соопштија спасувачите од полската државна противпожарна бригада.

Автобусот со украински регистарски таблички, со 57 патници и двајца возачи, околу полноќ удрил во банкината на патот во близина на градот Пржемил, во југоисточна Полска, паднал во канал и се превртел.

Пет лица загинале на лице место, а шестото починало во текот на ноќта во болницата во Пржемил.

Вкупно 34 лица се наоѓаат во болница, додека 18 на кои не им требаше болничко сместување се евакуирани во блиското училиште. Истрагата е завршена, но истрагата за причината на несреќата ќе потрае уште неколку часа – изјавиле од локалната противпожарна единица за полското радио.

Според првичните информации, автобусот превезувал патници од Познањ, град на западот од Полска, кон Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот