Шекеринска: Можевме да сокриеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина, но сакавме да бидеме транспарентни
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочи дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање во целиот свет, а тоа се вакцините.
– Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на САД и Обединетото Кралство. Дел сме од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави. Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори. Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно со полицијата, истакна Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата.
Министерката додаде и дека доколку сакале, можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.
– Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да не прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.
Нема ли тајвански вакцини, бидејќи оние од Кина ќе стигнат на кинеско куково лето