На Бит-пазар одземени над 1.000 парчиња пиротехника

На Бит-пазар во Скопје се пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиотехника во тек на акциска контрола, што ја спровела полицијата вчера од 10 до 16 часот во соработка со пазарните инспектори на подрачјето на СВР Скопје, каде контролирале вкупно 18 пазари.

– Од страна на единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет крстосници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит-пазар, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од преземените дополнителни мерки и активности на локациите што биле опфатени со акциската контрола биле констатирани 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот