ВИДЕО: Во оваа ултра-конзервативна муслиманска земја почнаа да се продаваат божиќни украси

Во продавници низ Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, се продаваат божиќни елки и божиќни украси, и ова се смета за знак на развој во оваа ултра-конзервативна земја, која се уште забранува каква било религиозна пракса за немуслиманите.

Украсите, што многу ретко се продаваа во јавноста, се појавија во главниот град на Саудиска Арабија, каде постепено почнаа да се намалуваат некои ограничувања откако престолонаследникот Мохамед бин Салман вети дека ќе промовира „отворен и умерен ислам”.

До пред само три години беше речиси незамисливо во Саудиска Арабија отворено да се продаваат новогодишни украси со облеката на Дедо Мраз. Меѓутоа, оттогаш властите ги намалија надлежностите на верскиот естаблишмент, кој е силно посветен на почитување на исламската традиција.

Продажбата на божиќните подароци со децении наназад главно одеше „под тезга”, а христијаните во Филипини, Либан и другите земји Божиќ го славеа зад затворени врати или во енклавите на емигрантите.

Но, во сегашната нова ера, Омар, сопственик на продавница од Ријад, објаснува дека тој веќе продавал и костуми за Ноќта на вештерките, празник што саудиските конзервативци го сметаат исклучиво за американска традиција која отстапува од исламот.

Саудиска Арабија, која долго време беше обвинувана за ултраконзервативна вахабитска сунитска доктрина, полека се отвора кон другите религии. Во оваа земја се почесто почнаа да доаѓаат луѓе кои се поврзани со Ватикан или јудаизмот.

Меѓутоа, храмовите и црквите се уште се забранети, а земјата се наоѓа на американската  црна листа на држави во кои не почитува верската слобода. Саудиска Арабија, исто така, е цел на критики од меѓународната заедница за почитувањето на човековите права.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот