421 нов случај на ковид-19, пријавени се 13 починати лица

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на ковид-19: Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 6.9.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Направени се 2900 тестови преку: ИЈЗ – 278, ЦЈЗ Скопје – 73, ЦЈЗ Битола – 70, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 38, ЦЈЗ Куманово – 61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 26, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 156, Жан Митрев (Филип Втори) – 65, Авицена – 135, Биотек – 98, Систина – 61, лабораторија Лаор – 98, Синлаб – 13, Ремедика – 23, Плодност – 16, Генеа – 6, Никоб лаб – 220, ВФВ Медикал – 28, Ели Медика – 24, Ројал Медика – 4, Спектра-ММ – 2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1362.

Досега во земјата се направени вкупно 1 333 204 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195 963, бројката на оздравени пациенти е 182 473, на починати е 6888, а бројот на активни случаи изнесува 6602.

Видео на денот