400.000 лајкови за еден час: Џеј Ло импресивна на насловната на „Билборд“

Фото: Инстаграм

Познатото музичко дуо Џенифер Лопез и Малума направи едиторијал за списанието „Билборд“.

Џенифер Лопез и Малума објавија две заеднички песни „Pa ti“ и „Lonely“, кои одлично котираат на светската музичка топ листа.

Познатото музичко дуо сними едиторијал за новиот број на списанието „Билборд“, а особено импресионираше со насловната страница на која двајцата позираа.

Малума на насловната носи бела облека и седи на раскошна бохо столица, додека Џенифер Лопез покрај него шармира во црна тоалета преку која се истакнати сите нејзини атрибути.

За само еден час, насловната страница која Џенифер ја објави на својот инстаграм профил собра повеќе од 400.000 лајкови.

Секако, имаше и пофалби за изгледот на Џеј Ло и Малума на социјалните мрежи.

Еве ја и насловната страница:

Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот