Кујнски апарати кои многу од нас не ги чистат, а се легло на бактерии

Кујната е место каде поминуваme многу време и најважно ја чуваме храната и приборот со кој јадеме, па затоа е потребно да е совршено чиста. Сепак, за време на подготовката на храната, нечистотијата и бактериите се акумулираат и се шират.

Фото: Pixabay

Но, едно истражување спроведено од продавницата за кујнски прибор „Oliver’s Kitchen“ покажа загрижувачки резултати во хигиената на овој простор во домот, односно кон одредени кујнски апарати.

Фото: Pixabay

Авторите на истражувањето откриле дека има неколку кујнски апарати кои луѓето немаат навика да ги чистат, а највалканиот меѓу нив е микробрановата печка. Имено, резултатите покажаа дека осум од десет испитаници не ја исчистиле ниту еднаш.

На второ место според нечистотијата е рерната, која исто така ретко ја чистат, дури 69 проценти од луѓето. Третото неславно место го зафаќаат кујнските крпи, кои, според експертите, треба да се менуваат на една недела. Сепак, 62 проценти од испитаниците не се согласуваат со таа теорија.

Фото: Pixabay

Исто така, 48 проценти од луѓето велат дека не го чистат фрижидерот затоа што нема потреба, иако складираме храна во него.

Еден резултат особено ги изненади авторите на истражувањето – дури 21 процент од луѓето не ги мијат рацете пред да започнат со подготовка на оброците, пренесува Метро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот