4-годишно дете потрошило над 2.000 долари на сладолед во форма на Сунѓерот Боб

printskrin gofundme

Генијалноста на децата нема граници. Без разлика дали станува збор за песна, јутјуб ѕвезда или ТВ-емисија, децата се познати по тоа што едноставно знаат да бидат страсни обожаватели.

Така, едно четиригодишно дете од Бруклин по име Ноа толку го обожавал Сунѓерот Боб што „случајно“ потрошил скоро 3.000 долари на сладолед во форма на неговиот омилен лик од цртаните.

Според кампањата за собирање средства, објавена на веб-страницата „GoFundMe“, која ја отворила од пријателката на мајката на Ноа, по име Кети Шлос, преслаткиот обожавател на Сунѓерот Боб успеал да купи сладоледи во вредност од 2.618,85 американски долари и ги испратил на адресата на неговата тетка.

Принтскрин / GoFundMe

И покрај фактот дека очигледно станува збор за грешка, „Amazon“ одбил да ѝ ги врати средствата на мајката на Ноа, Џенифер Брајант, која е мајка на три деца и студира за социјален работник на Универзитетот во Њујорк.

Шлос на „GoFundMe“ објасни дека Брајант не е сигурна како покрај студентскиот заем и другите трошоци поврзани со нејзиното семејство, ќе успее да ја врати и експлозивната нарачка на неговиот син.

За среќа, сочувствителни луѓе веќе донираат за да ѝ помогнат на мајката од Бруклин и собрале дури и повеќе отколку што било потребно, пренесува „Parents“.

Ви благодарам многу за вашата неверојатна великодушност и поддршка. Бидејќи е дете кое живее со спектар на аутистично нарушување, сите идни донации ќе бидат насочени за образованието на Ноа и дополнителна поддршка. Не можеме доволно да ви се заблагодариме. Навистина“, се заблагодари мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот