39 години живеел како Робинзон Крусо: Од напуштен остров направил рај на земјата (ФОТО)

Брендон Гримшо купил мал, ненаселен остров на Сејшелите за 13.000 долари и се преселил таму. Кога го направил тоа имал 40 години. Ја напуштил работата уредник на весник и започнал нов живот.

Фото: Принтскрин / Dailymail.co.uk

Брендон бил познат како Робинзон Крусо на новото доба.

Покрај Брендон, на овој остров стигнал и Рене Лафортен, кој таму почнал да си прави дом. Меѓутоа, додека Рене на островот доаѓал периодично, Брендон живеел таму со децении, не заминувајќи никаде.

Фото: Принтскрин / Dailymail.co.uk

За 39 години Рене и Брендон со сопствени раце засадиле 16.000 стебла и изградиле 5 километри патеки низ островот.

Youtube

Рене Лафортен починал во 2007 година, тогаш Брендон останал сам на островот. Во тоа време имал 81 година.

На островот привлекол 2.000 нови видови птици и донел стотина џиновски желки кои во остатокот на светот биле на изумирање. Благодарение на напорите на овој човек, некогаш запуштениот остров сега сочинува две третини од фауната на Сејшелите.

Пред неколку години принцот на Саудиска Арабија му понудил на Брендон 50 милиони долари за овој остров. Брендон го одбил.

Youtube

„Не сакам островот да стане омилена дестинација за одмор на богаташите. Подобро нека биде национален парк во кој можат сите да уживаат“, рекол тогаш Брендон.

Во 2008 година неговата желба се остварила – овој остров е прогласен за национален парк.

Фото: Принтскрин / Dailymail.co.uk

Брендон умрел во јули 2012 година, а зад себе оставил нешто по што ќе го памети цел свет.

Youtube

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот