Во светот над 1,1 милиони починати, и над 42 милиони заразени од коронавирус

Германци: Фото: ЕПА

Пандемијата од новиот коронавирус уби најмалку 1.145.847 лица ширум светото откако канцеларијата на СЗО во Кина го пријави почетокот на болеста на крајот на декември, утврди агенцијата АФП врз основа на податоци од официјални избори денеска во 11 часот по средноевропско време.

Повеќе од 42.262.290 случаи на инфекција официјално се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, од кои најмалку 28.754.900 се сметаат за излекувани.

Бројот на дијагностицирани случаи одразува смо делче од вистинскиот број на инфекции зошто некои земји тестираат само тешки случаи, други му даваат приоритет на масовното тестирање поради трагајќи по заболените, а многу сиромашни земји немаат сили за тестирање.

Во петокот во светот се забележани 6.366 нови смртни случаи и 482.954 нови случаи на зараза.

Земјите со најмногу нови смртни случаи во последните извештаи се САД со 880, Индија со 650 и Бразил со 571.

Соединетите Држави се најмногу погодени и по бројот на смртни случаи и бројот на заразени, со 223.998 починати од вкупно 8.494.044 случаи, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Најмалку 3.375.427 лица се прогласени за излекувани.

По САД, најмногу се погодени Бразил со 156.471 смртни случаи, и 5.353.656 заразени, Индија со  117.956 поќинати (7.814.682 заразени), Мексико со 88.312 починати (880.775 заразени) и Велика Британија со 44.571 смртни случаи (830.998 заразени).

Меѓу најтешко погодените земји е Перу со најмногу починати во однос на бројот на жители: 103 смртни случаи на 100.000, а следуваат Белгија (92), Шпанија (74) и Боливија (74).

Кина  (без Хонг Конг и Макао) официјално преброи 85.775 случаи (28 нови меѓу петокот и саботата), вклучувајќи и 4.634 смртни случаи и 80.876 опоравени.

Латинска Америка и Кариби денеска до 11.00 по средноевропско време имаа 389.304 смртни случаи меѓу 10.830.540 заразени, Европа 260.198 починати (8.499.613 заразени), Соединетите Држави и Канада 233.882 починати (8.705.087 заразени), Азија 164.802 смртни случаи (10.088.549 заразени), Блискиот Исток 55.719 смртни случаи (2.405.639 заразени), Африка 40.930 смртни случаи (1.698.937 заразени) и Океанија 1.012 починати (33.934 заразени).

Оваа проценка е извршена врз основа на податоците кои дописниците на АФП ги собраа од државните власти и СЗО. Поради исправките кои ги извршиле властите или задоцнетото објавување на податоците, во податоците за порастот за 24 часа може да има несогласување со податоците објавени ден порано.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот