Дали тој воопшто старее? Погледнете како изгледа Лени Кравиц на 56 години

Насловната на страница од најновиот број на списанието „Men’s Health“ овој пат ја красеше еден од најпосакуваните мажи во светот.

Лени Кравиц и во 56-тата година од животот има тело какво што би посакале многу мажи.

„Men’s health” насловна страна

Пандемијата на корона вирусот ги стопираше и сите музички планови на Кравиц, а неговите концерти запреа во месец март.

„Men’s health” едиторијал

Потоа ја напуштил својата куќа во Париз и заминал на Бахамите, каде што планирал да престојува извесно време во својата куќа.

„Men’s health” едиторијал

Неговиот багаж веќе бил испратен во Австралија, а како што рече во интервјуто за „Men’s Health“, поради пандемијата тој веќе петти месец живее со истите работи од викенд-торбата, бидејќи пандемијата и забраните за патување и движење го спречиле да си го земе потребниот багаж.

Лени во своето интервју споделува и како го одржува своето здравје и кондиција и како успева да го задржи мирниот дух и спокој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот