Се уредува нов парк во Аеродром

Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува околу 3,7 милиони денари, а реализацијата на истиот се очекува да заврши за 30 дена.

На крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром, денеска започна да се уредува нов парк.

Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во  различни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите коишто се направени со локалното население коешто гравитира кон овие површини. Анализирани беа нивните навики и потреби за да го направиме овој простор во Аеродром едно пријатно катче каде што тие ќе го поминуваат слободното време – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува околу 3,7 милиони денари, а реализацијата на истиот се очекува да заврши за 30 дена.

Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП  што започна во 2018 година.  Во овој процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани  преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.

На почетокот на активностите за уредување на новиот зелен сквер на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров присуствуваше и градоначалникот на Општина  Аеродром, Златко Марин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот