Кајзери го промовира Даниел Аврамовски

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски од денеска и официјално е нов фудбалер на Кајзериспор.

Довчерашниот фудбалер на Вардар пред извесно време потпиша трогодишен договор, а денеска беше промовиран заедно со останатите засилувања за турскиот тим меѓу кои е и поранешниот англиски репрезентативец Арон Ленон.

Аврамовски кој беше еден од најзаслужните што Вардар и покрај огромните финансиски проблеми ја освои титулата минатата сезона, имаше неколку понуди и се одлучи да ја прифати таа на Кајзери и ќе игра во силната турска Суперлига.

Аврамовски во Вардар пристигна 2019 година и беше најдобар стрелец на „црвено-црните“ со 10 постигнати гола, а претходно во кариерата има настапувано и за Работнички, Црвена звезда, Војводина и Олимпија Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот